Без сертифицирани шуми нема дрвна индустрија

Bez autora
Mar 01 2011

Македонија мора итно да ја почне сертификацијата за квалитет на македонските шуми според европските директиви зашто само така домашната дрвна индустрија ќе може да биде конкурентна и рамноправна на пазарот. Од 2013 година Европската Унија предвидува воведување регулатива за дрвни сортименти, која посебно ќе се однесува на мебел, цврста граѓа, иверка, хартија и картон. Сите земји-членки и кандидати за влез во ЕУ се обврзани да спроведат сертификација во шумарството и дрвната индустрија. Ако македонските шуми не се сертифицираат, околу 6.000 семејства или 25.000 лица може да останат без приходи или со намалени примања, а дел од компаниите да се затворат. Сертификатот за квалитет го издава Советот за управување со шуми (ФСЦ) со седиште во Бон, Германија, рокот на важење му е две години, а чини 8 до 10 долари за хектар.

Без сертифицирани шуми нема дрвна индустријаМакедонија мора итно да ја почне сертификацијата за квалитет на македонските шуми според европските директиви зашто само така домашната дрвна индустрија ќе може да биде конкурентна и рамноправна на пазарот, апелира Стопанската комора на Македонија.

Од 2013 година Европската Унија предвидува воведување регулатива за дрвни сортименти, која посебно ќе се однесува на мебел, цврста граѓа, иверка, хартија и картон. Сите земји-членки и кандидати за влез во ЕУ се обврзани да спроведат сертификација во шумарството и дрвната индустрија.

- Ако македонските шуми не се сертифицираат, околу 6.000 семејства или 25.000 лица може да останат без приходи или со намалени примања, а дел од компаниите да се затворат - предупреди Ванчо Спасоски од Здружението на индустријата за преработка на дрво и производство на мебел.

Сертификатот за квалитет го издава Советот за управување со шуми (ФСЦ) со седиште во Бон, Германија, рокот на важење му е две години, а чини 8 до 10 долари за хектар. За да биде одобрен, меѓународни експерти прават анализи од повеќе аспекти во однос на потребните регулативи. Целта на сертифицирањето е еколошки, општествено корисно и економски одржливо користење на шумите и нивните ресурси.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik